ЛОША ЗАШТИТА

WhatsApp има нова слаба точка, а корисниците нов кошмар

WhatsApp стана составен дел од секојдневниот живот за многумина и еден од вообичаените начини за одржување контакт со пријателите, семејството, познаниците и колегите.

Извор: google

WhatsApp стана составен дел од секојдневниот живот за многумина и еден од вообичаените начини за одржување контакт со пријателите, семејството, познаниците и колегите. Но, ако одеднаш се случи корисникот да не може да пристапи до својот профил на апликацијата, тоа ќе повлече сериозни последици.

Најновата измама откриена на WhatsApp може да го блокира пристапот на корисникот до апликацијата и контактите за само неколку моменти. Само активниот телефонски број на корисникот е доволен и хакерот може да изврши напад што може да резултира со деактивирање на индивидуалниот профил на корисникот.

Дури и ако имате овозможено проверување на 2 нивоа (2FA), нов напад ќе ја заобиколи таа заштита и сепак ќе го блокира вашиот профил. Овој напад е изненадувачки лесен за изведување и ја искористува функцијата на апликацијата што всушност треба да ги чува корисниците безбедни.

Нападот започнува од хакер кој го знае телефонскиот број на корисникот и кој бара од WhatsApp да активира корисничка сметка на друг уред, користејќи ги приватните податоци на тој корисник. WhatsApp потоа се обидува да го потврди најавувањето на профилот со барање за потврда. Ако хакерот внесе неточни податоци, односно неточен код за верификација, ова може да резултира во заклучување на профилот за 12 часа.

Во вториот дел од хакерскиот напад, хакерот кој се претставува на WhatsApp како корисник кој има нечиј телефонски број, пријавува кражба или загуба на мобилен телефон на кој профилот бил активиран дотогаш. WhatsApp автоматски му дозволува на корисникот да се најави на нов уред, додека вистинскиот корисник, кој дури и не знае дека е цел на напад, веднаш го губи пристапот до неговиот профил на уредот што го користи.

Но, како да се заштитите? WhatsApp тврди дека новооткриената измама веројатно нема да влијае на поголем број корисници. Обезбедувањето верификација преку меил адреса помага на клиентите доколку им се појави овој проблем и исто така корисниците треба да ја информираат техничката поддршка на апликацијата.

Бонус видео…