Извор: pexels
Обединетите нации со најнова листа која ги класифицира земјите во светот, од најсреќната до најнесреќната во време на светската пандемија. 150 земји се цел на истражувања за овогодишниот Светски извештај на среќата, каде жителите го изразиле своето субјективно чувство на благосостојба, а нивните одговори се вкрстуваат со БДП и индикаторите за солидарност, индивидуална слобода и корупција за да се дојде до оцена на скала до десет.
Во регионот, Македонија е на 94-то место според скалата на среќата и тоа ја прави земја со најмалку среќни граѓани. Веднаш потоа следува Албанија на 93-то место, а Косово е на високото 33-то место. Словенија е на 29-то место, потоа Србија на 48-то место, па Хрватска на 60-то место, Босна и Херцеговина на 64-то место, Црна Гора на 72-то место и Бугарија на 88-то место.
Додека Балканот сè уште ги трпи последиците од транзицијата и лошиот животен стандард особено во време на светска финансиска криза, се чини дека нордиските земји и оваа, како и секоја претходна година се најсреќните во светот.
Убедливо најсреќни граѓани во светот има Финска, по што следуваат Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска, Луксембург и Нов Зеланд, која е првата земја на листата надвор од Европа. Во топ 10 земји во кои граѓаните се чувствуваат задоволено и исполнето се наоѓа и Австрија.
Соединетите Американски држави се на 20-то место, Германија на 13-то, а на дното на табелата се наоѓаат Руанда, Зимбабве и Авганистан.
Пиедесталот за Финска претставува задоволство на нацијата од јавните услуги, природните богатства, високиот животен стандард и особено од мерките за заштита од Covid 19, превземени од нивната власт со што се создало чувство на взаемна доверба што пак помогнало да се заштитат животите и егзистенциите во најтешките времиња.
Судејќи по ова, во време на пандемија, веројатно македонските граѓани ја плаќаат најскапата економска цена во регионот и цената по менталното здравје на населението, па затоа се и на дното во рангот на среќни земји на Балканот.