Извор: google
Корисниците на стриминг услуги преку интернет во 2020-тата година го надминаа рекордното ниво од 1.1 милијарда. Според информациите на Motion Picture Association, oва е зголемување од 26% во споредба со претходната година.
Во САД најмалку 308.6 милиони домаќинства се претплатиле на видео-услуги на интернет минатата година, што претставува зголемување за 32 отсто на годишно ниво. Очигледно филмската, телевизиската и стриминг индустријата „триеја раце“ од Covid-19 пандемијата, па успеаа во текот на карантинските денови да ја забавуваат публиката и да ја оттргнат од суровата реалност.
Меѓународниот пазар на мобилни стриминг услуги оствари глобален приход од 68.8 милијарди долари, што е за 23% повеќе во однос на 2019 година. САД придонесоа со 30 милијарди долари за овој приход во 2020 година.
Зголемената побарувачка за услуги за стриминг услуги на некој начин ги неутрализираше финансиските реперкусии што ги претрпеа кино благајните поради светската здравствена криза.