Извор: google
Европјаните сѐ повеќе купуваат вегетаријанска храна и најголема побарувачка има за свежиот зеленчук и овошјето. Минатата година, продажбата на овој вид на вегетаријанска храна се зголемила до 40% кај трговците, според новите бројки добиени од „Економибир“.
Вегетаријанскиот начин на исхрана веќе не е тренд, дефинитивно се задржа и прeоѓа во начин на исхрана, може да се констатира според растот на побарувачка и зголемените набавки на свежиот зеленчук и овошјето.
Желбата за вегетаријанска храна расте кај најголемите трговци со намирници кај сите поголеми ланци на маркети во Европа.
Кај тие трговци, просечната продажба на замрзнати вегетаријански производи се зголеми за повеќе од 15% минатата година, во споредба со претходната година.
Најголем раст имаше кај свежите вегетаријански намирници, кои се зголемија за околу 40% во 2020 година во споредба со претходната година.
Зголемената побарувачка ја поттикнува понудата, што доведува до подобри и поздрави производи, поголема достапност и подобра цена.
Главно жени и млади
Скоро 60% од Швеѓаните јадат вегетаријанска диета барем еден ден во неделата, жените и младите го сочинуваат мнозинството, според ваго-барометарот на Axfood.
– Тоа е пред се урбана, млада и свесна средна класа која купува многу по свежи производи, вели Лота Лундгрен, автор на книги за готвење.
Во исто време кога расте вегетаријанството, потрошувачката на месото има помал раст. На пример, во шведскиот Lidl, тој учествува со околу половина процент во вкупната продажба. На глобалниот пазар на месо, бројката е само малку поголема.
Извор: google
– Вкупниот пазар на месо има обрт од над 1000 милијарди долари на глобално ниво. Досега, пазарот на веганите претставува околу два процента од ова, вели Карл Ланс, берзански аналитичар. Инфлуенсерите придонесуваат за алтернативи засновани на растетлна исхрана.
За да стигне до вистинските целни групи, маркетинг агенциите користат инфлуенсери.
Коментарот на многуте инфлуенсери е дека нивните следбеници не само што не се определуваат за месо, туку тие се посвесни кога станува збор за потрошувачката као на пример, органски производи, велат многумина од нив.