МИ СЕ ДОПАЃА или НЕ МИ СЕ ДОПАЃА

Поради критики од корисници, видеата на Youtube нема да може да се дислајкуваат

YouTube објави дека експериментира со својата платформа, а новата промена ќе ги скрие реакциите за „dislike“ на одредени видеа. Тоа е поради лица кои намерно и негативно обележуваат видеа од индивидуални креатори и канали.

Извор: unsplash

YouTube објави дека експериментира со својата платформа, а новата промена ќе ги скрие реакциите за „dislike“ на одредени видеа. Тоа е поради лица кои намерно и негативно обележуваат видеа од индивидуални креатори и канали.

YouTube посочува дека палците надолу можат негативно да влијаат на благосостојбата на креаторите, но исто така и дека негативните оценки можат да „мотивираат насочена кампања“.

Креаторите и корисниците на Youtube канали добиваат повратни информации за своите креации благодарение на овој систем, но многу е јасно како може негативно да се користи за злоупотреба.

YouTube првично имаше три идеи како да се реши овој проблем со злоупотребата на недопаѓања. Првиот беше да се скрие бројот на лајкови и дислајкови, потоа да се има дополнителна интеракција што ќе послужи како објаснување зошто дадовте „Thumps up/down“ или целосно укинување на лајкови и дислајкови.

Instagram спроведе слично решение кога станува збор за лајкови. Иако тие се позитивна работа, таа социјална мрежа сакаше да ги сокрие поради дел од корисниците кои се незадоволни. Некои теоретичари на заговор сметаат дека сето ова е планот на платформата Youtube што веќе почувствувала на нејзина кожа во неколку наврати кога лутата толпа негативно ги проценува видеата.

Со тоа им се нанесува штета на огласувачите и корисниците на канали кои вложуваат во свои видеа. И воедно заработуваат од нив.