ТУРЦИЈА ВО ПОЖАРИ

Уште пет активни пожари во Турција

АНКАРА – Турција стави под контрола 107 од вкупно 112 шумски пожари што беснеат низ целата земја, изјави денеска министерот за шумарство и земјоделство Бекир Пакдемирли. Тој изјави дека уште два пожари се активни во Анталија и три во градот Мугла, пренесува Анадолија.

Извор: google

АНКАРА – Турција стави под контрола 107 од вкупно 112 шумски пожари што беснеат низ целата земја, изјави денеска министерот за шумарство и земјоделство Бекир Пакдемирли.

Тој изјави дека уште два пожари се активни во Анталија и три во градот Мугла, пренесува Анадолија.

„Ставивме под контрола 107 од 112 шумски пожари што избија помеѓу 28 јули и 1 август. „Напорите за гаснење на петте пожари продолжуваат со голема посветеност“, напиша Пакдемирли на Твитер.

Досега шест лица загинаа во пожарите, пренесува Танјуг.

Вчера претседателот Реџеп Таип Ердоган ги посети областите погодени од пожарот и им вети на загрозените граѓани дека државата ќе им ја надомести штетата.