НЕИЗВЕСНА ИДНИНА И ПОМАЛА ПОБАРУВАЧКА

Уште еден познат светски производител ќе затвора фабрика, овојпат во Австрија

Производителот на камиони и автобуси MAN Truck & Bus Österreich најавува затворање на својата фабрика во Австрија. Со ова се покажува дека не само производителите на автомобили се соочуваат со потешкотии во време на најголемата финансиска криза, туку и сите останати компании поврзани со производство и транспорт.

Извор: google

Мнозинството вработени во MAN Truck & Bus Österreich GesmbH гласаа против планот за преземање на фабриката во Steyr, развиен од компанијата заедно со потенцијалниот инвеститор Siegfried Wolf’s WSA.

Извршниот одбор на MAN Truck & Bus ja примиле оваа одлука на вработените со разочарување и неразбирање. Планот изготвен заедно со WSA предвидуваше зачувување на голем дел од работната сила во комбинација со производство на возила од марката Steyr и надворешни нарачки од MAN и други компании. Како последица на тоа, MAN сега продолжува со плановите за затворање на фабриката

Причините за оваа одлука на германскиот производител, се неповолните трендови на светскиот пазар, неизвесноста поврзана со иднината на моторите со внтрешно согорување, појаватта на нови технологии итн.

MAN планира акцентот во иднина да го стави на фабриката во Полска, а по затворањето на фабриката во Австрија (каде се вработени индиректно 8 000 лица), се планира и намалување на работните места во Германија за околу 3.500 лица.

Бонус видео…