ШОПИНГ ВО ИСТАНБУЛ

Турската лира падна на најниско ниво во однос на доларот

АНКАРА – Турската лира денеска падна на најниско ниво во однос на доларот, пред уште едно очекувано намалување на референтната каматна стапка на земјата и откако агенцијата S&P го намали кредитниот рејтинг на Турција.

Извор: google

АНКАРА – Турската лира денеска падна на најниско ниво во однос на доларот, пред уште едно очекувано намалување на референтната каматна стапка на земјата и откако агенцијата S&P го намали кредитниот рејтинг на Турција.

За еден американски долар денеска можеше да се добијат 14,75 лири, поради што турската централна банка интервенираше со продажба на девизи.
Лирата почна да се приближува до рекордно ниско ниво во последните месеци, откако централната банка ја намали референтната каматна стапка за четири отсто, и покрај зголемената инфлација.

На намалување инсистира турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој тврди, спротивно на традиционалната економска теорија, дека високите каматни стапки предизвикуваат инфлација, пренесува Бета.

Економистите се залагаат за повисоки каматни стапки за да се спречи инфлацијата, но Ердоган тврди дека високите каматни стапки доведуваат до повисоки цени.
Ердоган останува цврст во својата политика на ниски трошоци за задолжување, поради што многумина очекуваат ново намалување на референтната каматна стапка во четврток, кога ќе заседава одборот за монетарна политика на централната банка.

Дека ќе следи ново намалување укажува и одлуката на агенцијата S&P, која во петокот го намали кредитниот рејтинг на Турција од стабилен на негативен.
Лирата денеска падна на најниско ниво пред централната банка да објави дека ќе интервенира со продажба на девизи, по четврти пат во последните неколку недели.

По интервенцијата на централната банка, дојде до благо зајакнување на турската валута, бидејќи за еден долар можеа да се добијат 14,13 лири, што е сепак за 1,8 отсто помалку од крајот на минатата недела.

Слабеењето на лирата ја забрза инфлацијата во Турција, сериозно поткопувајќи ја куповната моќ на граѓаните.