VOLKSWAGEN GROUP

Taigo е новиот ЕУ модел на Volkswagen, сличен на Nivus за бразилскиот пазар

Најновиот модел е исто така најмал и е технолошки заснован на моделот Nivus за бразилскиот пазар. Како и во случајот на T-cross, овој модел се карактеризира со одличен дизајн и можности за поврзување преку Интернет, персонализација и привлечни додатоци.

Извор: motor1

Volkswagen ќе го претстави седмиот модел на кросовери до крајот на 2021 година, по нивните ID.4, T-Roc, T-Roc Carbiolet, T-Cross, Tiguan, Tiguan Allspace и Touareg.

Најновиот модел е исто така најмал и е технолошки заснован на моделот Nivus за бразилскиот пазар. Како и во случајот на T-cross, овој модел се карактеризира со одличен дизајн и можности за поврзување преку Интернет, персонализација и привлечни додатоци.

Aко се споредува со Nivus, тогаш може да се забележи дека новиот модел на Volkswagen има пософистицирани фарови и ЛЕД-лента што ги поврзува групите за осветлување. Предниот браник кај европскиов модел е исто така различен од бразилскиот, додека горната решетка на ладилникот има шестоаголна шема наместо нешто порамниот дизајн на Nivus.

Volkswagen нагласува дека овој модел ќе доаѓа стандардно и со дигитален кокпит и бензински мотори TSI. Премиерата е закажана за летото, а првите примероци од фабриката во Шпанија, ќе пристигнат во салоните кон крајот на 2021 или на почетокот на 2022 година.