БИТКОИНОТ И ИНФЛАЦИЈАТА

Стравот од инфлација го зголеми биткоинот и го вивна до небо со нови рекорди

ЛОНДОН – Биткоинот и етерот утринава достигнаа нови највисоки нивоа на сите времиња, сурфајќи на бранот на обновен импулс на побарувачката поради интензивираните стравови на инвеститорите од зголемената инфлација.

Извор: google

Најголемата криптовалута во светот, биткоинот, се тргуваше во Азија на ниво од дури 68.564 долари за монета, откако вчера поскапе за повеќе од 7,0 отсто на 66.300 долари, пренесува британскиот портал Бизнисметри.

Претходниот рекорд на биткоин поставен во октомври беше 67.017 долари.

Во исто време, втората најпопуларна глобална криптовалута, етер, скокна на ново рекордно ниво од 4.837,59 долари, според податоците од платформата CoinMarketcap.

Масовните купувања на биткоини беа поттикнати од минатомесечното долгоочекувано котирање на првиот американски фонд поврзан со криптовалутата со која се тргува на берзата, што ја зајакна довербата во нејзината иднина и беше оценето како уште еден чекор напред на нејзиниот пат од маргините на глобалните финансии. пренесува Танјуг.