ПОТРОШУВАЧКА НА АЛКОХОЛ

Во 2010-та над 5 литри, а во 2018-та, Македонците пијат и над 6 литри алкохол

Европа е на прво место во светот во потрошувачката на алкохол што е една од главните причини за здравствени проблеми и предвремена смрт, а тој товар главно го носат луѓе на работоспособна возраст

Извор: google

Европа е на прво место во светот во потрошувачката на алкохол што е една од главните причини за здравствени проблеми и предвремена смрт, а тој товар главно го носат луѓе на работоспособна возраст.

И покрај тоа што го држи 5-тото високо ниво на рангот на најголема потрошувачка на алкохол во светот, сепак руската потрошувачка на алкохол е во тренд на опаѓање. Според неодамна објавениот извештај на OECD, Русија забележува најголемо намалување помеѓу 2010 и 2018 година.

За мажите во Русија ова е пад од 7,4%, додека за жените падот е 2,4%. Русија не е единствена во забележувањето на трендот на опаѓање. Од 55 земји и региони вклучени во извештајот, мнозинството регистрираа намалена потрошувачка на алкохол при мерење на испиен литар алкохол по глава на жител. Сепак, постојат неколку земји кои го оспоруваат овој тренд. Шпанија, на пример бележи значително зголемување од 4,4% и 1,2% кај мажите и жените, соодветно, што покажува и инфографикот во продолжение.

Oсвен Шпанија, и нашата земја може да се “пофали” со зголемена потрошувачка на алкохол. Ако во 2010, просечната потрошувачка била 5,93 литри, таа во 2018-та пораснала до 6,16 проценти.

Како што е опишано од OECD, потрошувачката на алкохол е главна основа на многу општества и „може да биде извор на индивидуално задоволство, но и социјално уживање“, додека индустријата „претставува важен дел од економијата во многу земји“. Извештајот, под наслов „Спречување на штетната употреба на алкохол“, сепак предупредува дека „штетната потрошувачка на алкохол е водечки фактор на ризик за предвремена смртност, повреди и многу незаразни болести како што се рак, цироза на црниот дроб, но и пошироки штетни општествени последици“.

Извор: statista