НУКЛЕАРНА БЕЗБЕДНОСТ

Спречен нов Чернобил - Јапонија ја прекина работата на нуклеарната централа

Јапонскиот нуклеарен регулатор одлучи да ја забрани работата на најголемата нуклеарна централа во земјата поради сериозни безбедносни проблеми.

Извор: google

Јапонскиот нуклеарен регулатор одлучи да ја забрани работата на најголемата нуклеарна централа во земјата поради сериозни безбедносни проблеми.

На компанијата „Tokyo Electric Power – TEPCO“ и е забрането да снабдува и напојува гориво во реакторите во АЕЦ „Кашивазаки-Карива“. TEPCO официјално призна дека безбедноста на централата не е на потребното ниво. Востановени се слаби места за неовластен пристап во 15 точки.

За компанијата, пуштањето во употреба на комплексот со седум реактори беше клучен столб во планот за реструктуирање на нејзиниот бизнис. Фабриката во минатото беше меѓу најголемите во светот според производството.

Сместена на брегот на Јапонското Море на островот Хоншу, атомската централа беше затворена за технички преглед по нуклеарната несреќа во АЕЦ „Фукушима“ во 2011 година.

Бонус видео…