ЗЕМЈОДЕЛСКА УМЕТНОСТ

Со музика и масажа до производство на најлуксузното овошје во светот

По десет години, тројца малезиски земјоделци ја усовршија вистинската мешавина на хранливи материи и посебен третман за успешно одгледување на јапонската диња мошус, која спаѓа меѓу најскапите овошја во светот.

Извор: google

Земјоделците од малезиската компанија „Mono Premium Melon“ редовно ги масираат дињите со мека крпа или ракавица, практика наречена „тама-фуки“, за која се вели дека го подобрува нивниот вкус и притоа, овие земјоделци во оранжериите пуштаат класична музика преку звучници, за што се верува дека стимулира раст.

Мошусните дињи најдобро напредуваат во умерена клима, но малезиските експерти успеале да смислат посебен начин на одгледување во топло, тропско време. И по многугодишното тестирање, земјоделците во Малезија конечно ги продаваат своите ценети луксузни плодови и тоа преку Интернет. Тие велат дека секоја јапонска диња е како уметничко дело.

Тие се продаваат за нешто повеќе од 40 американски долари, што е приближно третина од цената по која се продаваат увезените од Јапонија.

Бонус видео…