МАРКЕТИНГ ШЕГА

Прочитајте со каков првоаприлски маркетинг трик се пошегува „Volkswagen“

Вчера сите светски автомобилски медиуми ја објавија веста дека германскиот гигант Volkswagen во САД ќе го смени името на своите електрични автомобили во Voltswagen. Како извор, тие го наведоа соопштението за јавноста што се појави на официјалниот медиумски сајт на групата VW, но беше отстрането набргу потоа.

Извор: google

Денес пристигнуваат нови вести, во кои се вели дека оваа автомобилска компанија успешно го спроведе денот на шегата „1 април“.

Имено, групацијата Volswagen во САД вчера издаде лажно соопштение за јавноста во кое се наведува дека германската марка за американскиот пазар ќе го смени името со цел подобро да се вклопи во трендот на масовно електрифицирање на своите модели.

Ова го објавија сите медиуми, а денес од врвот на VW US беше објавено дека ова е трик за маркетинг, специјално создаден за да биде првоаприлска шега.’

„Американскиот Volkswagen нема да го смени името во Voltswagen. Преименувањето е наменето како најава во духот на првоаприлските шеги“, се вели во следното соопштение на VW.