Извор: google
Енергетските компании веќе ги доставиле пресметките до Регулаторната комисија за енергетика, која сега е на потег да одлучи дали ќе ја поскапи струјата по побарувањата на компаниите поврзани со производството и транспортот на електричната енергија, а поради нивните високи трошоци. Ќе добијат ли граѓаните повисоки сметки за струја од август?
„МЕПСО“ барал двојно зголемување на цената за извршениот пренос. За „ЕВН“ која ги снабдува домаќинставта со струја, цените зависат од влезните трошоци за набавка. Од Државните електрани, пак, кои го снабдуваат со струја „ЕВН“, велат дека инвестирале во ветерници и тие чинеле пари, што ја потврдува изјавата на премиерот дека струјата ќе поскапи.
Од година во година сè помалку РКЕ има влијание врз цената на електричната енергија согласно Законот за енергетика. Идејата на либерализација на пазарот на електрична енергија е цената самостојно да се формира, а ние остануваме надлежни за формирање на цени за пренос и дистрибуција, затоа што станува збор за регулирање на природни монополи кои немаат конкуренција и затоа секаде постојат регулаторните тела да определуваат цени и да овозможуваат пристап на трети страни. Кога ќе се спомене цена на струја, очите се вперени во РКЕ, но тоа суштински не е така, известуваат од РКЕ.
Поскапувањето на струјата би значело бран на поскапувања во сите можни сфери на дејствување – основните прехрамбени продукти, месото, пијалоците, комуналиите, превозот, угостителските услуги итн.
Во моментов, граѓаните плаќаат 5,95 денари киловат час во високата тарифa. Цената на струјата се утврдува еднаш годишно, крајот на јули, а новата цена се применува од 1 август. Минатата година зголемувањето беше скоро 7,5%.