КРИЗНИ БЕНЕФИТИ

Само оваа сфера успеа да оствари милионски приходи во време на пандемија

Светската пандемија очигледно најпозитивно влијаеше на ИКТ компаниите. Работата од дома донесе големи приходи за секторот на информатички и комуникациски технологии, а се отворија нови 400 компании со 1200 нововработени.

Извор: google

IT индустријата во последната деценија бележи забрзан раст. Бројот на вработени во секторот се искачи на 16.000 и тие важат на најплатени работни места во земјава. Лани овие компании направиле извоз во вредност од 230 милиони евра, а платиле данок од 12,5 милиони евра.

Приходите од работењето се скоро една милијарда евра што е раст од 12 отсто за една година, а овие фасцинантни бројки се должат на големиот пораст на дигитализацијата во целиот свет особено поради тоа што многу индустрии и сектори беа приморани на онлајн, компјутерска работа поради Covid-19 кризата.

Бонус видео…