ПОЛИТИЧКО НЕКОРЕКТНО ВЛИЈАНИЕ

САД прогласи дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг

ВАШИНГТОН – САД нема да го испратат претседателот Џозеф Бајден или кој било друг функционер на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година, кои ќе се одржат од 4 до 20 февруари, соопшти денеска Белата куќа.

Извор: google

Како причина се наведува незадоволството од наводното кршење на човековите права во Кина, објави „Вашингтон пост“.

Дипломатскиот бојкот им овозможува на американските спортисти да учествуваат на Игрите, се вели во соопштението на Белата куќа.

Притисокот за бојкот на Игрите трае неколку месеци, а демократските и републиканските пратеници во Соединетите држави, како и активистите за човекови права, побараа од администрацијата на Бајден да не оди во Пекинг бидејќи, според Вашингтон пост, репресивните мерки на Кина против демократски активисти во Хонг Конг и Ујгури во кинескиот регион Ксинџијанг, пренесува Танјуг.

Минатиот месец Бајден им рече на новинарите дека размислува за дипломатски бојкот на Зимските игри во Пекинг.

Извор: google