ПАНДЕМИЧЕН СПИСОК

САД, Кина и Јапонија на врвот, но една земја доживеа економски крах

Светската здравствена криза ја донесе и најголемата финансиска криза на денешницата. Пандемијата турна многу земји во најлошата економска рецесија во поновата историја, но приматот на најсилни економии остана кај добропознатите.

Извор: google

Светската здравствена криза ја донесе и најголемата финансиска криза на денешницата. Пандемијата турна многу земји во најлошата економска рецесија во поновата историја, но приматот на најсилни економии остана кај добропознатите.

Судејќи по економската проекција на Меѓународниот монетарен фонд, САД, Кина, Јапонија и Германија и понатаму ги заземаат првите четири места на листата на најсилни економии. Соединетите Американски Држави ја задржаа лидерската позиција на листата на топ 10 економии во светот, иако номиналниот БДП падна минатата година на 20,9 трилиони долари од 21,4 трилиони долари, кој го имаа година претходно.

Кина минатата година забележа номинален БДП од 14,7 трилиони долари, што е повеќе од претходните 14,3 трилиони долари.

Извор: google

Јапонија останува трета по големина економија во светот во 2020 година со БДП проценет на 5,0 трилиони долари (5,1 трилиони долари во 2019 година), додека Германија се најде на четвртото место чија економија задржа вредност од 3,8 трилиони долари.

Петта на ранг листата е Индија, но нивото на БДП паднало од 2,8 на 2,7 трилиони долари, исто како и В. Британија која е на шестта позиција.
Седмата позиција припаѓа на Франција со номинален БДП од скоро 2,6 трилиони американски долари (2,7 трилиони долари во 2019 година), а осма е Италија.

Најголем феил доживува Бразил чија економија отпадна од првите десет при што Канада го завзема нејзиното место.

Бонус видео…