СПОНЗОРСТВА

„Rolex", „Cadillac" и „Verizon" најмногу се рекламираат на Оскари

Извор: google

Изминатата година, публиката на доделувањата на најголемите филмски награди отсуствуваше на церемониите поради пандемијата, и како резултат на ова, „Греми“ и „Златните глобуси“ покажаа пониски рејтинзи.

Неодамнешното емитување на Grammy Awards на CBS забележа само 8,8 милиони гледачи – најмалиот процент на публика за оваа телевизиска емисија и пад од 53% од 18,7 милиони гледачи во 2020 година.

Преносот на „Златните глобуси” на NBC им се допадна на само 6,9 милиони гледачи, исто така рекордно ниско ниво, што беше за 63% помалку од она што го достигна настанот претходната година. И покрај очигледниот недостиг на интерес од гледачите, интересот за рекламирање за време на овие филмски награди не престанува и тоа го искористија телевизиските мрежи што ги емитуваат овие настани.

Американската ТВ мрежа ABC бара 2 милиони долари за да емитува реклама од 30 секунди на овогодинешните „Оскари“.

Најголемата филмска вечер обично носи многу пари од реклами, имајќи предвид дека „Оскарите“ во 2020 година заработија речиси 130 милиони долари. Во 2019 година, емитувањето на ABC поттикна скоро 114,2 милиони долари за рекламирање. Приходите од рекламите се движат во последните години од 1,8 милиони до повеќе од 2 милиони долари, според огласувачите на медиуми.

Меѓу најголемите спонзори на настанот во последните години се американскиот телекомуникациски оператор Verizon Wireless, кој потроши 12,9 милиони долари во 2020 година, потоа следува Rolex кој потроши 11,3 милиони долари и „The Cadillac Motor Car Division“ на „General motors“, кој минатата година потроши скоро 10,7 милиони долари.