ПАРИТЕ СЕПАК НЕМОЖАТ СÈ ДА КУПАТ

Roger Waters од Pink Floyd го „одјеба“ Facebook и Марк Цукерберг

Една од најпознатите рок-химни на сите времиња – култната песна на Пинк Флојд „ Another brick in the wall“ – требаше да се појави како музика во заднина во новата реклама на Фејсбук за промоција на Инстаграм. Но, кога Фејсбук се обиде да добие авторски права за тоа, работите заглавија: авторот на песната, легендарниот Роџер Вотерс, грубо ја одби понудата.

Извор: google

Една од најпознатите рок-химни на сите времиња – култната песна на Пинк ФлојдAnother Brick in the Wall“ – требаше да се појави како музика во заднина во новата реклама на Фејсбук за промоција на Инстаграм. Но, кога Фејсбук се обиде да добие авторски права за тоа, работите заглавија: авторот на песната, легендарниот Роџер Вотерс, грубо ја одби понудата.

Вотерс оваа недела пред новинарите изјави дека Марк Цукерберг го контактирал лично пред неколку дена, нудејќи му ја песната да се користи во рекламна кампања за која наводно била понудена „огромна сума пари“.

Вотерс реагираше сосема негативно како секој рокер од стар ков. Тој грубо ја одби понудата на Фејсбук, пропратена со пцости од типот: F ** k you. No f ***ing way, наводно, бил неговиот директен одговор. Вотерс е веќе познат по тоа што ја донира својата музика само за цели што тој ги смета за „добри“ – но очигледно дека Фејсбук не е на неговата листа.

Тој го објасни своето одбивање на дарежливата понуда на Mark Zuckerberg зборувајќи за тоа како Фејсбук и Инстаграм имаат премногу моќ, како преку ноќ успеаа да го цензурираат слободниот говор, а особена забелешка имаше за приказната на Јулијан Асанж, кому му беше посветена тркалезната маса на која учествуваше Вејтс.

„Тој мал кретен Zuckerberg започна со интернет страница каде што луѓето го проценуваа изгледот на девојчињата. Од типот на нeа ќе и дадам 4 од 5 поени, а оваа е грда и затоа ќе и дадам 1… И со така идиотска идеја тој доби толку многу моќ! Сега тој е еден од најмоќните идиоти на светот “, беше остар музичарот со коментарите кон сопственикот на Фејсбук.

Mark Zuckerberg не даде коментар за ваквото однесување од легендата, ниту е познато која песна Facebook ќе ја искористи во контроверзната реклама на Инстаграм.