E-ТРГОВИЈА

Потрошувачите ги сменија навиките, Amazon очекува приход од $500 милијарди

Во текот на 2021 година, Amazon може да ги зголеми своите приходи за повеќе од 20%. Според анализата на платформата Trackr, по рекордната 2020 година, каде годишниот приход им порасна скоро 38%, односно 386 милијарди долари, Amazon ќе продолжи да го следи истиот пат и да надмине 500 милијарди долари приход до крајот на 2021 година.

Извор: google

Во текот на 2021 година, Amazon може да ги зголеми своите приходи за повеќе од 20%. Според анализата на платформата Trackr, по рекордната 2020 година, каде годишниот приход им порасна скоро 38%, односно 386 милијарди долари, Amazon ќе продолжи да го следи истиот пат и да надмине 500 милијарди долари приход до крајот на 2021 година.

Се очекува овој технолошки онлајн трговец да ги зголеми и годишните нето приходи, кои достигнаа 21,3 милијарди американски долари во 2020 година, и тоа за најмалку 30% од година во година бидејќи потрошувачите продолжуваат да се соочуваат со предизвиците на тековната здравствена криза.

Оваа проекција се базира на пет основни фактори:
1. Епидемијата на Covid 19 и придружните блокирања низ целиот свет го забрзаа преминот кон е-трговија бидејќи потрошувачите се обидоа да се прилагодат со користење на модерна технологија. Апликациите за шопинг забележаа скок во преземањата, станувајќи втора најпопуларна категорија апликации по музичките.

2. Зголемената побарувачка за опции за онлајн купување му овозможи на Amazon да ја обезбеди својата позиција во првите редови на е-трговијата. Сега има повеќе од 200 милиони посетители секој месец, но и постојано зголемување на бројот на премиерни членства што се очекува да достигнат 153,1 милиони во 2022 година, и рекордна сезона на празници при што луѓето најмногу купуваат.

3. Повеќе од 1 милион нови продавачи на пазарот на Amazon секоја година. 44% од продавачите изјавија дека COVID-19 е значаен дел од нивниот успех во 2020 година. Amazon сега има скоро 2 милиони активни продавачи ширум светот и 319 000 нови се приклучија на платформата во 2021 година.

4. Проекцијата на приходите на Амазон се заснова и на континуирано подобрување на начините на испорака и логистика што доведува до подобро искуство на клиентот.

5. Amazon работи и на подобрување на системите за дистрибуција и тестира нови методи на испорака – како беспилотни летала кои имаат за цел да доставуваат нарачки за околу 30 минути

Се очекува потрошувачите да продолжат да практикуваат социјално дистанцирање и купување преку Интернет. Дури и ако ограничувањата заради пандемијата почнат да се намалуваат, сепак навиките на потрошувачите веќе се стекнати и нема да се променат во блиска иднина, односно луѓето ќе продолжат да купуваат преку интернет.

Бонус видео…