VOLKSWAGEN GROUP

„Porsche“ значително поуспешен од „Audi“, „BMW“ и „Mercedes-Benz“

36 000 вработени во германскиот производител на автомобили ќе добијат бонус од 7.850 евра.

Извор: google

36 000 вработени во германскиот производител на автомобили ќе добијат бонус од 7.850 евра. И покрај светската здравствена и финансиска криза, „Porsche“ реши да ги награди своите вработени, благодарение на успешните деловни политики и видливи резултати кои ги остварила компанијата изминатиот период.

На почетокот на пандемијата, работниците со недели биле дома и производството било прекинато, но и покрај тоа „Porsche AG“ е задоволен од подоцнежната ефикасност и ефективност на своите вработени. Затоа, во април на вработените ќе им бидат исплатени суми во износи од 7850 евра.

Ова е доста помалку од скоро десет илјади евра што ги добија минатата година, но зар некој ќе се пожали и на оваа сума?

Компанијата ја поминува пандемијата подобро од премиум производителите како Audi, BMW или Mercedes-Benz. Приходите се рекордни, а бројот на продадени автомобили и профитот не се намалуваат, особено поради одличната продажба на кинескиот пазар.

Деловната 2020 година има рекорден промет, а приходите од продажбата се искачија на 28,7 милијарди евра, надминувајќи ја вредноста од годината пред тоа за повеќе од 100 милиони евра.

Во 2020-та, „Porsche“ испорачал на светско ниво 272.000 возила, додека вкупно 80.892 возила биле продадени во Европа.