ФУТУРИСТИЧКА ПРОГНОЗА

Овие професии ќе бидат популарни во наредните 20 години

Со брзиот развој на технологијата, начинот на работа се менува што најдобро се гледа во текот на изминатата година кога работењето од дома стана нормална и вообичаена работа, а се отворија и многу нови работни места што дури и порано не постоеја.

Извор: unsplash

Со брзиот развој на технологијата, начинот на работа се менува што најдобро се гледа во текот на изминатата година кога работењето од дома стана нормална и вообичаена работа, а се отворија и многу нови работни места што дури и порано не постоеја. Не е тешко да се претпостави дека ваквиот развој на настаните и придружните промени ќе продолжат и за 5, 10 или 20 годин.

Иако не можеме да знаеме што носи иднината затоа што секогаш може да се појават некои неочекувани ситуации (на пример, нови пандемии), засновани врз тековните трендови, сепак можеме да предвидиме во која насока ќе се движи тој напредок. Еден футурист во колумна за Yahoo ги напиша своите очекувања за некои работни места во иднината, кои ќе бидат популарни за дваесет години.

Специјалисти за храна
Веќе сме сведоци на големи промени во прехранбената индустрија водени од технолошкиот напредок, како што се употреба на растителни алтернативи на месото, нови техники за берба, пакување и сл. Технологијата, се разбира, ќе продолжи да напредува, така што ќе се отворат нови работни места во таа индустрија, како што се специјалисти за печатење храна, дизајнери за синтетичка храна, службеници за логистика во банка за храна, итн. што ќе се фокусираат на одржливи земјоделски методи.

Извор: google

Логистика за автономен превоз
Со оглед на тоа што Waymo веќе обезбедува целосно автономна такси услуга во САД, не е тешко да се заклучи дека за две децении, повеќето автомобили треба да бидат повеќе или помалку автономни. Исто така, многу експерти се согласуваат дека тогаш нема да има потреба да поседуваме автомобил, но возилата ќе ги користиме само кога ќе ни бидат потребни и ќе ги повикаме со апликации слични на Uber или Bolt денес.

Извор: google

Промени во работните места во енергетскиот сектор
Важен акцент на енергетскиот сектор за 20 години, како и денес, ќе биде ставен на безбедноста. Но, додека инспекторите за безбедност денес се грижат за безбедноста, технологијата ќе биде надлежна во иднина – беспилотните летала ќе ги следат местата за истражување, додека работниците ќе бидат подготвени за работа во услови на виртуелна и проширена реалност, без потреба да бидат изложени на опасни ситуации. Ќе се отворат нови работни места во развојот на ваква специјализирана технологија, анализа на податоци и анализа на предвидливост што ќе алармира кога е време за одржување на машините.

Извор: google

Работните места фокусирани на здравјето
Тренд што трае со години, а се однесува на зголемување на инвестициите во здравјето на луѓето. Сите податоци за човековото здравје ќе бидат интегрирани и достапни за „истражување и дејствување“. Работните места поврзани со ваквиот напредок ќе бидат поврзани со развојот на аналитика и особено безбедноста на податоците во здравството, како и правни експерти ќе бидат потребни за да се следи ова.

Извор: google

Бонус видео…