Повеќе од 60 лица загинаа во поплавите во Германија и Белгија

ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА

БЕРЛИН – Повеќе од 60 лица загинаа, а десетици се водат за исчезнати откако поплавите во Германија и Белгија ги претворија улиците и потоците во опасни порој, кои носеа автомобили со себе и предизвикаа уривање на зградите.

Извор: google

БЕРЛИН – Повеќе од 60 лица загинаа, а десетици се водат за исчезнати откако поплавите во Германија и Белгија ги претворија улиците и потоците во опасни порој, кои носеа автомобили со себе и предизвикаа уривање на зградите.

Властите во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија соопштија дека најмалку 30 лица биле убиени, додека сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, во југозападна Германија, пријавила 28 жртви.

Белгиските медиуми јавуваат дека во таа земја биле убиени осум лица.

Едно од најтешко погодените германски села е Шулд, каде се урнаа неколку куќи, а се трага по десетици луѓе, пренесува АП.

Спасувачките операции се отежнуваат од блокирани патишта и прекини во телефонската и интернет мрежата низ целиот Ајфел, ланец планини со средна висина во западна Германија.

Некои села беа претворени во урнатини бидејќи старите куќи направени од цигли и дрвја не можеа да се справат со ненадејниот наплив на вода, што носеше дрвја и други остатоци додека течеше низ тесните улички, пренесува Танјуг.

Десетици луѓе беа спасени од покривите на нивните куќи со помош на гумени чамци и хеликоптери, а стотици војници беа распоредени да помогнат во обидите за спасување.

„Никогаш порано не сме виделе таква катастрофа“, рече премиерот на покраината Рајнска област-Пфалц, Малуз Дрејер.

Во Белгија, реката Вездра се излеала, а водата татнела низ улиците на Пепинстер, близу Лиез, каде се случила несреќа за време на спасувачката операција од пожарникарите, кога се превртел мал брод и исчезнале три стари лица.

Обвинителството соопшти дека неколку тела биле пронајдени во Вервие, но не може да ги потврди наводите на локалните медиуми дека се убиени четири лица.

Главните автопати се поплавени во јужните и источните делови на земјата, а железничката служба објави дека е прекинат целиот сообраќај.

Во Лиеж, град со 200.000 жители, реката Меза се излеа денес, а градоначалникот ги замоли луѓето што живеат во близина да се преселат на повисоки места.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е шокирана од несреќата и страдањата на луѓето во погодените области.

Извор: google

„Шокирана сум од катастрофата и од фактот дека страдаат многу луѓе во погодените области“, рече таа, а нејзиниот портпарол Стефан Зајберт објави на Твитер.

Армин Лачет, кандидатот за нов канцелар на Германија, рече дека ситуацијата е алармантна. Во акцијата за спасување учествуваат и хеликоптери

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајан вети дека ќе им помогне на погодените од поплавите.

„Моите мисли се со семејствата на жртвите од разорните поплави во Белгија, Германија, Луксембург и Холандија и оние кои ги загубија своите домови“, рече претседателот на ЕК на Твитер, додавајќи дека ЕУ е подготвена да помогне.

Во последниве денови, бурите низ Западна Европа предизвикаа излевање на реките, што резултираше со брзо поплавување во текот на ноќта, бидејќи земјиштето потопено од дожд не успеа да апсорбира повеќе вода.

Целосниот обем на штета во регионот сè уште не е целосно јасен, бидејќи многу села се отсечени поради надојдените води и свлечиштата. Многу жртви беа откриени само откако надојдените води започнаа да се повлекуваат.