Извор: google
БЕРЛИН – Германската влада денеска одобри помош од 58 милијарди евра за реконструкција на регионите погодени од катастрофалните поплави минатиот месец.
На денешната средба, канцеларката Ангела Меркел и лидерите на 16 германски провинции одобрија пакет државна помош, кој допрва треба да биде одобрен од парламентот. Износот на одобрените средства е значително поголем од оние што беа доделени порано за поплави.
Повеќе од 180 луѓе загинаа во Германија, а стотици беа повредени во поплавите од 14 до 15 јули, кои однесоа животи и во соседна Белгија, пренесува Бета-АП.
Обилните врнежи од дожд ги претворија малите потоци во огромни порои што ги однесоа куќите и мостовите.
Научниците на Обединетите нации објавија извештај оваа недела во кој се предвидува дека ваквите екстремни временски настани ќе станат почести, бидејќи планетата се затоплува сè повеќе.