ХАКЕРСКИ НАПАД

По „Facebook“, настрада и „LinkedIn“ - хакери превзедоа лични податоци

Нови проблеми за корисниците на социјалните мрежи. По неодамнешното објавување на приватни податоци на повеќе од 530 милиони корисници на Facebook, корисниците на деловната социјална мрежа LinkedIn сега се на удар.

Извор: google

Нови проблеми за корисниците на социјалните мрежи. По неодамнешното објавување на приватни податоци на повеќе од 530 милиони корисници на Facebook, корисниците на деловната социјална мрежа LinkedIn сега се на удар. И овој пат станува збор за голем број корисници чии податоци протекоа на мрежата – податоци на околу 500 милиони корисници.

Оваа информација се појави на еден форум за хакери и вклучува превземени меилови на корисници, телефонски броеви, родови информации, професионални наслови и врски до други социјални мрежи.

Хакерите можат да користат такви лични податоци, како и други информации за корисниците од Интернет, за разни измами и нови напади врз корисници, кражба на лични податоци, уцени итн.

Откако форумот ширеше информации за продажба на лични податоци од LinkedIn, реагираа од LinkedIn. Во коментар за медиумите, тие потенцираа дека не станува збор за безбедносен пропуст што го искористија хакерите и дека меѓу објавените податоци нема ниту еден приватен податок на корисниците на нивната мрежа.

Според нив, односно според податоците што ги прегледале, информациите за корисниците што биле објавени биле собрани од различни веб-страници и мрежи, додека податоците од LinkedIn кои се наоѓаат на таа листа се однесуваат само на јавно достапни информации од нивните профили.

Со оглед на тоа дека LinkedIn има повеќе од 675 милиони корисници, а објавени се податоци за околу 500 милиони, не е тешко да се заклучи дека меѓу овие податоци може да има и бројни податоци од Македонци.

Исто така, не е познато дали LinkedIn ќе ги извести корисниците дека хакери на податоци ги превзеле од нивната социјална мрежа и ги продаваат на интернет форуми.

Бонус видео…