Извор: pexels
Henkel и fond South Central Ventures финансиски го поддржаа регионалниот развој на интернет-платформата ДаиБау, која ги поврзува инвеститорите со градежните изведувачи, со сума од повеќе милиони, се вели во соопштението на компанијата.
Деловната единица Henkel’s Adhesive Technologies го препозна потенцијалот на платформата, која обединува над 65.000 градежни компании, архитекти и други професионалци за изградба и реновирање на недвижнини на седум различни пазари во регионот.
Од локалната платформа лансирана во Словенија во 2014 година од Мартин Пелкл и Грегор Шернел, Даи Бау прерасна во водечка регионална платформа, обединувајќи 65.000 добавувачи и 260.000 активни клиенти на пазарите во Словенија, Хрватска, Австрија, Босна и Херцеговина, Србија, Словачка и Романија.
Покрај тоа што на корисниците им го олеснува многу извршувањето на целата работа поврзана со градење и реновирање на недвижен имот, им помага на изведувачите да најдат нови клиенти.
Секој профил на изведувачот содржи прегледи и оценки на корисниците, портфолио на завршени проекти и им помага на корисниците при пресметување на трошоците за работите.
Покрај изборот на оптимален изведувач, DaiBau им помага на корисниците да ги планираат и да ги буџетираат своите дела, што во голема мера го поедноставува процесот на градење или реновирање на имот.
– DaiBau посветува посебно внимание на средни или мали изведувачи, давајќи им можност да ги пласираат своите услуги и производи и да го оптимизираат својот бизнис, особено на пазарите во Југоисточна Европа, каде што DaiBau, со брза експанзија за многу кратко време, има силно влијание и врз регулацијата на секторот градежни услуги – се наведува во соопштението.
Овој специјализиран градежен систем, исто така, обезбедува бројни совети и алатки кои значително ги олеснуваат и оптимизираат цените за инвеститорите во кој било градежен проект на и околу имотот. Речиси 25.000 проекти се реализирани само во Србија од почетокот на лансирањето на платформата.
Извор: pexels