Извор: google
Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го отфрли предлогот на потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Шинас и словенечкиот премиер Јанез Јанша за истакнување на знамето на Европската унија на церемонијата на отворање на Олимписките игри, што ќе го носи Словенечки тим.
Портпарол на МОК за Политико изјави дека „олимпискиот тим може да користи само едно знаме, еден амблем и една химна, што беше усвоено од неговиот Национален олимписки комитет и одобрено од Извршниот одбор на МОК“.
Тој истакна дека не се дозволени никакви исклучоци: „затоа што во спротивно МОК ќе се соочи со бројни барања од институциите кои, како и Европската унија, ги делат вредностите што се во основата на Олимписките игри“.
Веста доаѓа само една недела откако Шинас и Јанша испратија писмо до претседателот на МОК, Томас Бах, во кое се предлага словенечкиот тим, кој ја претставува нацијата што моментално е претседател на ЕУ, да го носи знамето на ЕУ заедно со своето национално знаме на церемонијата на отворање, пренесува Танјуг.
Во писмото се вели дека „словенечките спортисти на тој начин ќе станат амбасадори на европското единство и вредностите што се темел на Унијата, а кои се совпаѓаат со вредностите на олимпиското движење“.