Извор: NDTV
Ерик Јуан, основачот на „Zoom Video Communications“ донираше повеќе од една третина од својот удел во компанијата со која управува, а уделот се проценува на скоро 6 билијарди долари. Ова се случи откако цената на акциите на Zoom скокна повеќе од три пати минатата година.
Минатата недела Јуан подари скоро 18 милиони акции на веќе прочуената конференциско-технолошка фирма. Акциите беа проценети на околу 6 билијарди американски долари, врз основа на цената на последната трговска активност во петокот. Распределбите се во согласност со „типичните практики на планирање на имот на семејството“. Сепак, компанијата не откри кој во моментов ги контролира акциите. Инаку овој мултимилијардер е најголемиот акционер на компанијата со удел од 15% во компанијата и околу 40% од правата за глас во компанијата пред последите трансакции.
51-годишниот Јуан со ваквиот потег им се придружи на другите богати акционери кои неодамна исто така пренесуваа акции, вклучувајќи го и милијардерот од Хонг Конг, кој минатиот месец му подари дел од „Zoom“ уделот на неговиот син бизнисмен.
Извор: google
Побарувачката за оваа апликација „Zoom“ вртоглаво се зголеми за време на пандемијата каде многу луѓе од бизнис светот, но и сите ученици и студенти активно започнаа да ја користат. Затоа акцијата на компанијата бележеше скок од скоро 400% минатата година, но опадна за 7,8% во 2021 година со што трговската сесија во петокот ја заврши со вредност од 337 американски долари.
Директорот на “Zoom” е 130-та најбогата личност на светот со нето вредност (пред трансферот) од 15,1 милијарди долари, според индексот на милијардерите, што претставува зголемување од 9,2 милијарди долари од минатиот март. Компанијата исто така донесе огромни придобивки и за другите акционери.
Роден во Кина, на Јуан му беше одбиена виза за САД осум пати пред конечно да ја добие, а го основаше „Zoom“ во 2011 година, делумно инспириран од предизвиците за одржување на врска на далечина кога и самиот тој бил на колеџ.