Извор: bbc
Опра Винфри заработила 7 милиони долари од славното интервју со Меган Маркл и принцот Хари, членовите на британското кралство семејство. Зад целото интервју стои и нејзината продукциска куќа, „Harpo productions“, а правата за емитување на интервјуто ги продала на американската мрежа „CBS“ за седум милиони долари.
Во двочасовното интервју, кое се емитуваше на телевизијата „CBS“, славната и контроверзна двојка зборуваше за расизмот и скриените тајни зад вратите на ова дисфункционално кралско семејство.
Интервјуто во живо го следеле 17 милиони гледачи.
Договорот со Опра Винфри за интервју ги охрабри кралицата Елизабета и Бакингемската палата да го лишат одметнатиот кралски пар од сите кралски покровителства поради непочитта на кралицата.
Опра го нарече интервјуто со кралската двојка „најдобро што некогаш го направила“. И не само најдобро, туку очигледно и најскапо.