Извор: facebook
Сите знаеме што е spam – тоа се несаканите меилови кои ги добиваме, а кои вклучуваат разноразни божемни попусти, награди, договори за вработување или наследства за чие прифаќање се побарува одредена сума во аванс да уплатиме. Но, дали некогаш сте забележале од каде потекнуваат повеќето од овие спамови?
Секој втор spam меил ни доаѓа од Русија или САД, покажала анализата на веб-страницата Atlas VPN. Една третина од сите испратени меилови во последните две недели биле спамови, па затоа не се чудете – не сте единствени на кои во последно време им стигнуваат бесмислени пораки во Inbox-от.
Во изминатата половина година, овие две земји се одговорни и за повеќе од половина од спамовите, па затоа може да се каже дека тие се „суперсили“ дури и во виртуелниот свет, како и во реалниот свет.
Вкупно, 44,2% од сите спамови доаѓаат од Соединетите американски држави. Ова, се разбира, значи дека скоро секој друг „нигериски принц“, „тајландска убавица“ или „братучед од Германија“ кој ви пишува – всушност е од американскиот континент. Русија е на далеку второто место според бројот на спамови со 9,5%, а Германија е на трето место со 7,6%. Интересно, и покрај зголемената цензура, 3% од несаканите меилови во светот доаѓаат од Кина.
Особено актуелни во последно време станаа меиловите кои нудат договори за вработување во Дубаи и кои доколку сте наивни, лесно може да им поверувате, па дури и да ги потпишете. Но, без грижа – Вашиот потпис нема да има важност сè доколку не им уплатите одредена сума. А, веројатно нема да го направите тоа?