Извор: google
Хрватскиот производител на автомобили го презема Бугати Компанијата на Мате Римац станува мнозински сопственик на „Бугати“, а „Римац автомобил“ станува „Римац груп“, објави хрватскиот производител на електрични автомобили.
Римац Аутомобил рече дека ова е „пресвртница во историјата на компанијата“ и го опиша потегот, кој неодамна се појави во јавноста, како „спојување со иконата на автомобилските брендови, Бугати Аутомобили, во нова автомобилска и технолошка компанија“, пренесува Индекс .
За 10 години, Rimac Automobili напредуваше од стартап и еден човек во гаража во нова компанија Bugati Rimac d.o.o., која ја формираат во соработка со Porsche и групацијата Volkswagen, се наведува во соопштението.
Според Танјуг, Римац Груп ќе биде најголемиот акционер на новата компанија, со учество од 55%. Мате Римац ќе го задржи постојниот удел во групацијата Римац од 37 проценти, во кој Порше ќе остане на уделот од 24 проценти, групацијата Хјундаи со 12 проценти, и другите инвеститори со 27 проценти.
Бугати и Римац ќе продолжат да се појавуваат на пазарот како засебни брендови и ќе ги задржат постојните производствени капацитети и каналите на дистрибуција, додека седиштето и целиот развој за двата бренда ќе бидат во Хрватска, пренесува Индекс.