ДАЛИ ЌЕ ГО КОНЗУМИРАТЕ?

Горкиот чоколаден крем „Nutella“ го уништува еко системот и искористува малолетни деца

Италијанската мултинационална компанија „Фереро“, го произведува познатиот чоколаден крем „Нутела“. Фабриката „Фереро“ е основана пред 75 години, покрај оптужбите за користење на големо количество на шеќер и палмино уље кои се многу штетни за здравјето на луѓето, се чини дека италијанскиот капиталист прави сериозни проблеми на еко системот во многу земји.

Извор: google

Италијанската мултинационална компанија „Фереро“, го произведува познатиот чоколаден крем „Нутела“. Фабриката „Фереро“ е основана пред 75 години, покрај оптужбите за користење на големо количество на шеќер и палмино уље кои се многу штетни за здравјето на луѓето, се чини дека италијанскиот капиталист прави сериозни проблеми на еко системот во многу земји.

Сопственикот на „Фереро“ контролира 30% од светскиот пазар за одгледување на лешници. Во Турција, која е прва земја во светот во производството на лешници е целосно под контрола на италијанската фабрика, објави италијанскиот „Ил Манифесто“.
Како мнозински сопственик, „Фереро“ со својата политика успеа да ја намали цената на производите во Турција и со тоа да ја елиминира конкуренцијата на голем број мали производители.

Директната последица, пишува весникот, е пад на цените на лешниците, но и на платите на вработените кои заради ниските примања се претежно сириски бегалци, а меѓу нив најмногу се деца.

Извор: google

Весникот потсетува дека меѓународната организација која се бори против ропската експлоатација на работници, Антиславери, веќе го обвини „Фереро“ за работни услови и ниските плати, како и злоуботреба на малолетни деца кои работат на полињата кои се во сопственост на мултинационалната компанија.
Истите обвинувања доаѓаат и за однесувањето на компанијата во Гана и Брегот на Слоновата Коска, африкански земји каде „Фереро“ поседува големи фарми на какао.

Организациите за зачувување на природата го обвинуваат „Фереро“ за проширување на производството на само една култура во тие земји, какаото – што драматично ја уништува рамнотежата на локалниот екосистем.

Фабриката „Фереро“ е основана пред 75 години во италијанскиот град Алба.
Денешниот сопственик е внукот на основачот, Џовани Фереро, и со текот на годините компанијата успеа да се прошири на меѓународниот пазар и да вклучи големи производители на слатки како Nestle, Kelloggs, Fox и многу други, како и големи фарми на какао во Еквадор, Гана, Брег на Слоновата Коска. Компанијата има и индустриски погони во осум други земји низ светот, вклучувајќи ги Кина и Русија.