PROJECT HAZEL

Нова паметна заштитна маска која ќе свети и со која ќе може да си читате од усните

Маската која е најавена во јануари доаѓа под името „Project Hazel“ и ќе вклучува активни филтри во облик на диск, „Chroma RGB“ осветлување, но и проекција на глас.

Извор: google

Маската која е најавена во јануари доаѓа под името „Project Hazel“ и ќе вклучува активни филтри во облик на диск, „Chroma RGB“ осветлување, но и проекција на глас. Со неизвесноста околу дистрибуцијата на вакцините за COVID 19 на глобално ниво и постојаниот пораст на бројот на нови случаи и стапки на смртност, употребата на маски за лице нема да престане наскоро и тоа е очигледно зошто овој проект се трансформира од концепт во реалност.

Маската е провидна, за корисниците да можат да си читаат од усните, но и да се гледаат гримасите со устата.

Производителот „Razer“ ја претстави паметната маска за прв пат на „CES“ во 2021, а таа содржи заменливи филтри и надворешност од водоотпорна рециклирана пластика, отпорна и на гребаници.

Во филтрите има и микрофони кои служат како засилувач или пригушувач на глас, а осветлувањето им овозможува на вентилаторите да светат и да ја осветлуваат устата на корисникот во ноќно време. Ова е смарт маска во која има многу технологии, меѓутоа ќе биде и удобна за носење.

Одобрувањето од американската агенција за храна и лекови и други медицински институции е во тек, а за цената не постојат релевантни податоци.