МЕМОРИЈА ИЛИ НЕЗНАЕЊЕ

Нова грешка на Бајден: „Тешко е да се следи кога бомбардирате толку многу земји одеднаш“

Американскиот претседател Џо Бајден беше збунет и ги збуни Либија и Сирија, зборувајќи за хуманитарната помош за земјите погодени од војната на самитот Г7.

Извор: google

Американскиот претседател Џо Бајден беше збунет и ги збуни Либија и Сирија, зборувајќи за хуманитарната помош за земјите погодени од војната на самитот Г7.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи, 78-годишниот шеф на Белата куќа мораше да се потруди да го запамети името на земјата во која, според него, САД се подготвени да работат заедно со Русија.

„Можеме да работиме заедно со Русија, на пример … во Либија“, рече тогаш Бајден.
Потоа рече дека Русија со нејзината акција „земала преголем залак“ повеќе отколку што може да проголта со својата интервенција во „Сирија“, но потоа во говорот ја додаде и „Либија“, пренесува „Фокс њуз“.

„Сè додека се таму без можност да воведат некаков ред во регионот, не можете да го сторите тоа добро без да ги обезбедите основните економски потреби на луѓето“, рече Бајден, додавајќи:

„Се надевам дека ќе најдеме начин да ги спасиме животите на луѓето во, да речеме, Либија“. Мислејќи на Сирија

На дополнително новинарско прашање дали Бајден мисли на Сирија кога ја спомнува Либија, советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан одговори: „Да, да, тоа“.

„Претпоставувам дека е тешко да се следи кога бомбардирате толку многу земји одеднаш“ напиша либанскиот геополитички коментатор Сара Абдалах.