ЗГОЛЕМЕНИ ПРИХОДИ

НЛБ Групацијата речиси ја удвои нето добивката

ЉУБЉАНА – Групацијата НЛБ во првите девет месеци оствари нето добивка од 205,5 милиони евра, што е за 96 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Извор: google

ЉУБЉАНА – Групацијата НЛБ во првите девет месеци оствари нето добивка од 205,5 милиони евра, што е за 96 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Приходите по девет месеци изнесуваат 499,9 милиони евра, што е за 30 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, се вели во деловниот извештај објавен денеска.

Само во третиот квартал, кој, според НЛБ, минимално или воопшто не бил засегнат од растечките здравствени проблеми, Групацијата забележа нето добивка од 65,7 милиони евра.

Во согласност со економското закрепнување, НЛБ годинава очекува силен раст на кредитирањето на населението во Словенија, со акцент на хипотекарните заеми.