Извор: bbc
Компанијата „Nike“ ќе го тужи уметничкиот колектив „MSCHF“, поради нивните „сатански обувки“ („Satan Shoes), коишто содржат човечка крв. Патиките се производ на „MSCHF“ и раперот Lil Nas X, а сите 666 пара се распродадени за еден ден во рок од една минута. Дали веќе е доцна за реакција на Nike? Дали е нанесена штета на бизнис репутацијата што не може да биде надоместена?
Иако првично не сакаа да реагираат, сега компанијата за спортска облека ќе ги тужи MSCHF и раперот за злоупотреба на трговскиот бренд.
Контроверзните патики го содржат логото на „Nike“, но и крст свртен наопаку, сатанистичка ѕвезда и капка човечка крв, а еден пар чини 1.018 долари. Оваа цена е аналогија на на библискиот пасус Luca 10:18, кој гласи: „Видов Сатана која паѓа како молња од небото“.
Воедно, новите сатански патики буквално се исти како моделот на Nike – Gemini Nike Air max 97, со сатанистичките додатоци кои ги наведовме погоре.