ТВИТЕР ПОРНОГРАФИЈА - NO MORE!

Нема веќе порно на Твитер, од денес се забранети споделувања на фотографии и снимки без согласност

САН ФРАНЦИСКО – Твитер денеска објави дека нема да дозволи споделување на приватни медиумски податоци, како фотографии и видеа, на својата платформа, без согласност на лицето кое се наоѓа на нив.

Извор: архива

САН ФРАНЦИСКО – Твитер денеска објави дека нема да дозволи споделување на приватни медиумски податоци, како фотографии и видеа, на својата платформа, без согласност на лицето кое се наоѓа на нив.

Политиката за приватност на компанијата веќе забранува споделување на туѓи приватни податоци, како телефонски броеви, адреси и лични карти, пренесува Танјуг.

„Кога поединци на кои им се прикажани или овластени претставници ќе не известат дека не дале согласност за споделување на нивните приватни фотографии или видеа, ние ќе ги отстраниме“, напишаа тие на Твитер.

Како што веќе објавивме основачот и извршниот директор на Твитер Џек Дорси во понеделникот поднесе оставка како прв човек на оваа социјална мрежа.