Извор: unsplash
Убавината е релативна работа и скоро секогаш е скриена во окото на гледачот. И покрај субјективноста во проценка на естетиката, луѓето се обидоа да ја стават убавината и во математичка формула – равенката на златниот однос што се користи за одредување на совршенството со одредување на пропорциите на предметите. Според науката, најубавиот автомобил доаѓа од Италија, а веднаш зад него е американскиот, па повторно доаѓа италијански модел, па британски.
CarWow, познат канал на YouTube, кој истражува и споредува разни автомобили, одлучи да ја примени оваа „формула“ за автомобили од последните 70 години со што одредува кој е најубав автомобил. Различни аспекти на автомобилот, како што се фарови, странични ретровизори и агли на шофершајбната, беа користени за одредување на „златниот однос“. Горенаведените податоци потоа беа искористени за пресметување на мерењата на растојанието за да се утврди колку дизајнот на автомобилот го следи „златниот однос“.
Златниот однос датира од 2.500 години и е математичка равенка што се користи како мерка за идеални пропорции.
Користен е во архитектурата и уметноста при потрага по совршенство, а Микеланџело беше голем обожавател на оваа формула која ја користел кога го сликал „Создавањето на Адам“ на таванот од Сикстинската капела. Во последно време, често се користи за анализа на убавината на човечките лица и слично, овој пат се користеше за да се одговори на прашањето – кој е најубавиот автомобил на светот?
Првиот на таа листа беше уникатниот дизајн на Ferrari Monza SP1 за 2019 година. Дури 61,75 проценти од пропорциите на овој модел се во согласност со „златниот пресек“. Она што изненадува е што ова е единствениот автомобил од последната деценија што најде место меѓу првите десет. Овој модел го комбинира елегантниот стил на Ferrari од средината на 20 век со модерната технологија на спортски автомобили.
Извор: google
Второто место и припадна на легендата – Ford GT40 од 1964 година со резултат од 61,64 проценти. Победата на GT40 на европките трки “24 Heures du Mans” беше прва победа на американскиот производител, па во тоа време претставуваше пресвртна точка во автомобилскиот инженеринг.
Извор: google
Ferrari 330 GTC Speciale од 1967 година, Lotus Elite од 1975 година и Ferrari 250 GTO од 1962 година се најдоа заедно со Monzda и ГТ40 во првите пет во оваа скала на најдобро дизајнирани автомобили. Шестото место му припадна на Chevrolet Corvette C2 Stingray од 1962 година, потоа следува Ferrari 330 P4 од 1967 година, па Alfa Romeo Alfetta од 1974 година, деветтото место го има Lamborghini Miura од 1966 година и на крај доаѓа Maserati Indy од 1969 година.
Извор: google
Бидејќи најголем дел од автомобилите кои се најдоа во оваа топ 10 листа биле произведени во 60-тите или 70-тите години од минатиот век, можеме да заклучиме дека во тоа време повеќе внимание се посветувало на дизајнот на самото возило. Од друга страна, можно е денес да имаме различни естетски вредности, поради што можеби е потребен нов златен стандард, со цел новите автомобили да го најдат своето место на наведената листа.