АПОКАЛИПТИЧНА ЗАБРАНА

На грчкиот остров за богатите е забранета музика во рестораните и баровите

Координационото тело за зарази во Грција денес забранија музика во ресторани и барови на популарна туристичка дестинација, грчкиот остров Миконос, откако беше забележано зголемување на бројот на лица заразени со ковид-19.

Извор: google

Координационото тело за зарази во Грција денес забранија музика во ресторани и барови на популарна туристичка дестинација, грчкиот остров Миконос, откако беше забележано зголемување на бројот на лица заразени со ковид-19.

Познат како остров за забава на богатите, Миконос е една од најпопуларните дестинации, привлекувајќи повеќе од милион посетители секое лето, а меѓу нив има и холивудски sвезди, модели и спортисти.

По загрижувачкото ширење на ковид-19, Дирекцијата за цивилна заштита забрани музика на островот и полицискиот час беше воведен од 1 до 18 часот.

Ограничувањата ќе важат до 26 јули.

Туризмот претставува петтина од грчката економија, на која и треба силна сезона по катастрофалната 2020 година.

Бројот на заразени расте во последните неколку недели, и затоа владата воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници и работниците во домови за стари лица и изнемоштени лица.

Воведени се нови ограничувања низ целата земја и само на вакцинираните лица им е дозволено да влегуваат во затворениот дел од рестораните, кафулињата и клубовите.

„Апелираме до жителите, посетителите и работниците на нашиот прекрасен остров строго да ги следат правилата за да можат да го контролираат и сузбиваат ширењето на вирусот и да го вратат Миконос во нормала“, се вели во соопштението за цивилна заштита.