Извор: google
Сите постари генерации во екс Југославија растеа со прекрасниот саркастичен хумор на најпопуларната куклена серија Мапет Шоу. Но, времињата се менуваат, па така познатите ликови: Кермит, Гонзо, Гица Прасица и останатите познати куклени ликови преку ноќ станаа „навредливи“ за публиката.
Пет сезони на “The Muppet Show” се појавија на стриминг сервисот Дизни + вечерта во петокот на 19ти февруари, но многу гледачи останаа шокирани кога на екранот видоа предупредување дека нивното омилено шоу од детството сега се смета за програма со т.н. „навредлива содржина “. Според предупредувањето од Дизни, во емисијата се прикажани „стереотипи“ и „лошо однесување кон луѓе или кон култури“.
„Оваа програма вклучува негативни аспекти и е приказ на малтретирање на луѓе или на култури. Овие стереотипи беа погрешни тогаш, но и сега се погрешни“, изјави корпоративниот гигант, чиј капитал се проценува од околу 300 милијарди долари.
„Наместо да ја отстраниме оваа содржина, ние сакаме да укажеме на нејзиното штетно влијание со цел да научиме од таквата програма и да предизвикаме јавна дискусија во насока на создавање на поинклузивна иднина. Дизни е посветен на создавање приказни со инспиративни и аспиративни теми кои ја одразуваат богатата разновидност на човечкото искуство низ целиот свет” – додаваат од Дизни.
Со тоа предупредување, не се прецизира што конкретно Дизни смета дека е навредливо во содржината на шоуто, но многумина претпоставија дека се работи на начинот на кој се прикажани и славени Индијанците, Азијците, луѓето од Блискиот Исток. Меѓу многуте детали кои за Дизни се навредливи е и ликот бездомник „Оскар рибарот“, кој го гледаме дека живее во корпа за отпадоци . Многу работи се променети во американската историја и политика, така да некому очигледно му пречи што во шоуто не се променети истите, стари ставови за одредени теми, луѓе и историски ситуации. Треба ли да се негира историјата и начинот на живот, без разлика на тоа каква е моменталната политичка идеја?
Еден конкретен пример за навредлива содржина, гледаме во петтата сезона, каде пејачот Џони Кеш настапува пред знамето на Конфедерацијата. Ова знаме е симбол на поделбата и нешто што е забрането во САД, а користено во американската граѓанската војна. Конфедерацијата се состоеше од јужните сојузни држави кои се бореа против укинувањето на ропството во таа војна.
„Дури и мапетите сега се навредливи. Секој што гледа „Мапет шоу“ на Дизни + прво ќе види предупредување за „навредлива содржина“.
Какви тоа времиња дојдоа “, напиша еден збунет корисник на Твитер. Интернет заедницата очигледно е дека остана без зборови од одлуката на Дизни и своето неверување го изразија користејќи гифови од необичното и многу популарно ТВ шоу.