Извор: google
Американската софтверска корпорација „Microsoft Corp.“ е во преговори за купување на социјалната гејмерска мрежа „Discord“ за над 10 милијарди долари.
Наводно, „Discord“ разговара и со други потенцијални купувачи, но сè уште не е потпишан договор. Но, засега ниедна од страните ниту ги потврдува нит ги демантира информациите.
Главно, разговорите меѓу „Discord“ и „Microsoft “, досега биле околу проценката на интересот на компанијата.
Создадена 2015 година, социјалната мрежа „Discord“ е замислена како платформа за гејмери и во мигов има над 100 милиони активни корисници месечно. „Discord“ е со седиште во Сан Франциско и е позната по својата бесплатна услуга што им овозможува на гејмерите да комуницираат преку видео, глас и текст додека уживаат со видео игрите, а луѓето заглавени дома за време на пандемијата сè повеќе ја користат оваа технологија за било какви виртуелни собири.
Порано, компанијата имала разговори и со Epic Games Inc. и Amazon.com Inc. околу евентуална продажба.