ДОМИНАЦИЈА

Microsoft Edge веќе го надмина Mozilla Firefox во пазарниот удел

Извештајот на „NetMarketShare“ за 2020 година покажа дека пазарниот удел на „Edge“ го надминал оној на „Firefox“ во март минатата година. „Edge“ во текот на последните неколку месеци добива нови корисници, а базата на корисници на „Firefox“ се намалува.

Извор: google

Oбновениот веб прелистувач на Microsoft го надмина Mozilla’s Firefox и го зазеде второто место за удел на пазарот во март со скоро 7,6 проценти од глобалниот удел на пазарот на прелистувачи, веднаш пред скоро 7,2 проценти на Firefox.

Иако бројките се далеку од уделот на пазарот на Google Chrome кој има 68,5 проценти, импресивно е што Edge се искачи на второто место за помалку од три месеци колку што беше достапен. Изненадувачки, но на луѓето очигледно им се допаѓа Edge, базиран на Chromium.

Иако податоците не докажуваат дека корисниците на „Firefox“ почнале да користат „Edge“, се гледа дека пребарувачот на „Microsoft“ има скок во уделот од 7.81% на 8,03% оваа година, додека производот на „Mozilla“ опаднал од 8,1% на 7,95%. Тоа е најдобар резултат за „Edge““.

Бонус видео…