ЗГОЛЕМЕНИ БРОЈКИ

Меркел критикувана заради неуспехот од мерките и борбата против пандемијата

БЕРЛИН – Германија итно треба да прогласи затворање за две недели, да ја забрза вакцинацијата и да изврши задолжителни тестови во училиштата со цел да се запре третиот бран на епидемијата на вирусот корона, соопшти денес германското здружение ДИВИ, кое ги собира здравствените работници од единицата за интензивна нега.

Извор: google

Научниот раководител на ДИВИ, Кристијан Карагијанидис, рече дека околу 1000 дополнителни пациенти се примени на интензивна нега од средината на март. Вчера, 3.680 лица добија ваков вид на нега.

“Ако оваа стапка продолжи, ќе ја достигнеме границата на редовниот капацитет за помалку од четири недели. Не претеруваме. Нашите предупредувања се засноваат на бројки”, изјави овој експерт за Рајн Пост.

Канцеларката Ангела Меркел се соочи со зголемени критики за неуспехот да го објави планот за спречување на бранот инфекции, како и за лошата соработка со покраинските премиери.

Во последните седум дена, бројот на заразени на 100.000 луѓе се зголеми од 113 на 134 лица.