Извор: google
Германија не ја „гледа“ корупцијата во Бугарија како постоечка членка во ЕУ, а Меркел не можела да ја предвиди блокадата на Бугарија за С. Македонија при што изјави:
„Некои тешкотии не можете да ги предвидите. Долго гледавме како Северна Македонија и Грција преговараа за името. (…) (Откако се реши спорот) Северна Македонија стана членка на НАТО, но одеднаш Бугарија го блокираше почетокот на преговорите за членство во ЕУ“, рече Меркел.
На прес-конференцијата по виртуелниот состанок со лидерите на шесте западнобалкански држави, канцеларка Ангела Меркел ги поздрави успесите во регионот, но оцени дека треба уште многу да се сработи.
Не можевме да предвидиме дека Бугарија ќе го блокира почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со шефовите на држави и влади од шесте земји од Западниот Балкан. Запрашана за оценка на напредокот на регионот во последните 16 години откако таа е германски канцелар, Меркел исто така изјави дека имало и добри и лоши моменти. Генералната оценка на Меркел е дека во последните 7 години, од почетокот на ткн.
Берлински процес, имало успеси, но и дека останува доста да се сработи во делот на борбата против корупцијата.
Во делот на изненадувачкиот развој на настаните, Меркел ја наведе бугарската блокада на Северна Македонија.
Извор: google
Одговарајќи на новинарско прашање околу позицијата на Франција за проширувањето на ЕУ, Меркел рече дека претседателот Емануел Макрон исто така бил на виртуелниот состанок и „јасно се изјаснил за перспективата на членство во ЕУ на земјите од регионот“. Таа сепак објасни дека освен во Франција и Холандија, дискусии за проширувањето на ЕУ се водат и во Германија и повика Конференцијата за иднината на Европа да го даде одговорот на прашањето: Кога ЕУ повторно ќе биде подготвена за проширување.
Германската канцеларка уште еднаш повтори дека иднината на регионот е во ЕУ и тоа, напоменувајќи ги тешкотиите со кои се соочува регионот, Меркел наведе три: спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, спорот меѓу Србија и Косово, и состојбата во БиХ.
„Потребно е многу трпение, но и голем ангажман за да се надминат овие спорови“, повторно рече Меркел.
Меркел на состанокот како утеха за балканските земји ги потврди испораките на три милиони дози вакцини за земјите од Западниот Балкан.