Извор: google
На Фарските Острови и годинава беше организиран масовен лов на делфини и китови. Особено брутален чин за публиката, но за мештаните тоа е дел од традицијата и културното наследство. Ова е рекорд во масовно убиство на животно во историјата на оваа традиција, а освен тоа што биле и убиени, делфините претходно биле и неописливо измачувани.
Овој тн „гриндадрап“ се случил ноќта на 12 септември, а во колежот се убиени вкупно 1.428 делфини на плажата Скалаботнур на Фарските Острови.
Делфините претходно биле натерани да пливаат кон плитките води на плажата на островот Ејстурој, каде со часови безуспешно се обидувале да избегаат пред да ги убијат. Имајќи го предвид времето во кое сме и глобалната пандемија, апсолутно е ужасно да се види ваков атак врз природата и од вакви размери како на Фарските Острови.
Ако нешто научивме од пандемијата, тоа е дека мораме да живееме во склад со природата наместо да ја уништуваме.
Дали постои светска организација и суд што може да осуди и казни ваква брутална традиција?
Дали е дозволиво секој да може да посегне и лови без да има лиценца и претходно извршена обука, како што впрочем и се случи на овие острови?
@MettePrime It is time for DENMARK to stop the bloody slaughter in the Faroe Islands! Yesterday over 1,400 dolphins were slaughtered! TIME FOR YOU TO ACT! pic.twitter.com/yGlvPvbrX5
— peter baldwin (@petethepunk) September 13, 2021