ЕВРОВИЗИСКИ ПРОТОКОЛИ

Мал број на фанови со негативен тест на Covid-19 ќе следат Евровизија во живо

Публика во ограничен број ќе може да го проследи годинeшното издание на Евровизија во Ротердам. Одлуката ја донесоа холандските власти како организатори на настанот, при што сите посетители треба да прикажат негативен PCR тест.

Извор: google

Се работи всушност за нов начин на следење на фестивалот, кој ќе биде пренесуван во повеќе театри и кино-сали, а во салата со почитување на сите епидемиолошки протоколи, обожавателите ќе можат да ја проследат Евровизија.

Настапите на земјите учеснички ќе бидат одржани во Ротердам на 18, 20 и 22 мај, со одржување на физичка дистанца, но ваква можност да се дел од настанот во живо ќе добијат само 3500 лица.