Извор: google
„Microsoft“ најави аквизиција на компанија за вештачка интелигенција и технологија за говор за околу 16 милијарди долари поради зголемената побарувачка за онлајн здравствени услуги во време на пандемија.
Nuance има силна репутација за својата технологија за препознавање глас и веќе неколку години се смета за цел на аквизиција за компании како Apple, Microsoft и повеќе. „Microsoft“ во понеделникот објави дека ќе ја купи компанијата за препознавање говор „Nuance comunications“ за 16 милијарди долари, најголемата аквизиција на технолошкиот гигант откако го купи „LinkedIn“ за повеќе од 26 милијарди долари во 2016 година.
Компанијата, исто така, наводно е во разговори за купување на апликацијата за разговор Discord за околу 10 милијарди долари и минатата година се обиде да го купи бизнисот на TikTok во САД за околу 30 милијарди долари пред зделката да отпадне. Минатиот месец, Microsoft ја купи гејмерската компанија Zenimax за 7,6 милијарди долари.
„Nuance“ продава алатки за препознавање и транскрипција на говор при посети на лекар, разговори за услуги на клиенти и говорни пошти. Двете компании влегоа во партнерство во 2019 година за автоматизирање на административната работа во медицинскиот сектор, а аквизицијата која е сега објавена ја потенцира амбицијата на Microsoft да се прошири во сектор кој има забрзана дигитална трансформација поради пандемијата.
Аквизицијата ќе ја вметне оваа специфична технологија во комуникацијата лекар-пациент, што е клучна за сите здравствени услуги.
Nuance е компанија основана во 1992 година и имала 7.100 вработени заклучно со септември 2020 година. Компанијата работи со 77 проценти од болниците во САД, давајќи услуги за клиничко препознавање говор, медицинска транскрипција и медицински слики.
Бонус видео…