Извор: pexels
Вредноста на биткоинот не престанува да расте и во еден момент вчера достигна дури 52.600 долари, додека денес се тргува по пониска цена од 1.000 долари.
Метеорскиот раст на биткоинот од 4.000 долари што вредеше во март 2020 година, до сегашните 51.500 долари, доведе до вкупна вредност на оваа валута на пазарот во износ од скоро милијарда долари.
Аналитичарите тврдат дека скокот на биткоинот бил предизвикан од големи количини пари што владите и централните банки ги испумпувале во економиите за време на коронската криза.
Последниот скок беше спонзориран од Елон Маск, сопственикот на Тесла, кој купи биткоини вредни 1,5 милијарди долари на почетокот на месецот.
Експертите веруваат дека тој само ја кренал рачната за многу повеќе слични инвестиции во крипто-просторот во текот на оваа година.