РЕСТРИКЦИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ

Концертите и NBA натпреварите во Калифорнија од сега со публика

Поради поповолната епидемиолошка состојба, сојузната американска држава Калифорнија ги олесни мерките против Covid-19 и им дозволи на жителите по повеќе од една година да присуствуваат на концерти во затворени простории, театарски претстави и НБА кошаркарски натпревари.

Извор: google

Oд 15 април властите нема да бараат тестирање или доказ за вакцинирање за некои од овие настани, но бројот на лица со дозволено присуство ќе биде ограничен. Новите правила имаат за цел Калифорнија да воведе систем на таканаречени „пасоши за вакцинација“, што е прашање кое е предмет на жестока расправа низ целата земја.

Los Angeles Lakers објави дека на навивачите ќе им биде дозволено да се вратат во Стејплс Центарот за натпреварот на 15 април против Boston Celtics.

„Очигледно не знаеме точно колку навивачи ќе има уште, но без разлика, тоа ќе донесе одлична енергија“, рече тренерот на Лејкерс, Френк Вогел.

Новите правила на Калифорнија доаѓаат во моментот кога државата успеа да набави скоро 19 милиони дози на вакцини. Скоро 6,9 милиони луѓе се целосно вакцинирани во држава со близу 40 милиони жители.